Килијан Мбапе веќе постигнал договор со Реал Мадрид и ќе си замине од Пари Сен Жермен со цел, наскоро, да му се приклучи на “кралскиот клуб”. Иднината на францускиот репрезентативец останува предмет на многу шпекулации, бидејќи неговиот сегашен договор со парижаните истекува следното лето. Реал Мадрид долго време се поврзуваше со трансфер на 22-годишниот фудбалер, кој оваа сезона постигна 41 гол и забележа 11 асистенции на 46 настапи во сите натпреварувања.
Според познат француски агент, младата ѕвезда и неговото семејство веќе имаат договор за преселба во шпанската престолнина.
“Чувствувам дека Килијан е подготвен да му се придружи на Реал. Имам и информации кои велат дека Мбапе и неговото семејство имаат договор со Реал Мадрид. Досега, постигнат е договор само со фудбалерот, но се чека и согласноста на ПСЖ. Ако ништо не се случи ова лето, тогаш Мбапе ќе си замине како слободен агент по крајот на неговиот договор во 2022 година.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













