
ПСЖ го победи (1-0) Реал Мадрид во лудиот прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со голот на Килијан Мбапе во четвртата минута од судиското продолжение. Лионел Меси промаши пенал во 61. минута, ПСЖ беше многу подобар и се чинеше дека Реал ќе се извлече. Но, тогаш се појави неверојатниот Мбапе и му донесе триумф на својот тим.
Напаѓачот на ПСЖ постигна гол откако Нејмар прекрасно му асистираше со петица по левата страна. Мбапе ги имаше пред себе Лукас Васкез и Едер Милитао кои не ни знаеја што да прават со него. Мбапе направи прекрасен велосипед, помина низ нив и потоа мајсторски шутираше низ нозете на Куртоа за победа.
„Нејмар ја имаше топката, јас се повлеков на страна и влегов во ситуација два на еден. Напаѓачот секогаш мора да напаѓа, а тие почнаа да се повлекуваат пред мене. Знаев што треба да направам и точно знаев каде сум, сакав да поминам и потоа го надмудрив Куртоа“, изјави Мбапе по натпреварот.
Тој вели дека се уште е играч на ПСЖ и е многу среќен во Париз.
„Ова се натпревари за кои сонував и секогаш сум подготвен за нив. Навивачите не носеа цел натпревар и навистина ја посакувавме оваа победа. Но, не е готово бидејќи ни претстои тешко гостување. Што се однесува до Реал, Јас сум играч на ПСЖ, среќеН сум тука и секогаш давам се од себе за овој клуб“, дополни Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
