
Францускиот ас Килијан Мбапе ќе биде најголемата ѕвезда на летниот преоден рок. Германскиот „Билд“ објави дека тој договорил се со Реал Мадрид, потпишал преддоговор и дека на лето заминува во Шпанија. На напаѓачот на ПСЖ летово му истекува договорот кој не сакаше да го продолжи и дефинитивно си заминува од „Паркот на принцовите“.
Сепак, Мбапе тврди дека се уште ништо не е договорено. Изјавата ја даде по синоќешниот триумф (1-5) на ПСЖ против Лил.
„Не, мојата одлука за иднината не е донесена. Натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид менува многу работи. Дури и да сум слободен да го правам она што го сакам во моментов, нема да одам да разговарам со противник со кого ќе играме наскоро. Фокусирам сум само на победите со мојот клуб“, изјави Мбапе.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид. Првиот натпревар ќе се одигра на 15 февруари во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
