Правната комисија на Француската професионална лига (ФПЛ) се состана поради финансиските несовпаѓања меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе и препорача преговори меѓу двете страни. Капитенот на француската репрезентација бара од клубот 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси, а адвокатите на двете страни одржале состанок.
ФПЛ понуди да посредува меѓу двете страни.
Одговорот на претставниците на Мбапе беше дека нема да преговараат, бидејќи, според нив, нема што да се разјасни.
„Утрово беше споменато посредување. Оваа можност беше одбиена од претставниците на играчот. Посредувањето би било непотребно бидејќи неплаќањето може да се види од едноставна анализа на финансиите на играчот“, објавија од таборот на Килијан Мбапе.
Претходно во текот на денот, ПСЖ излезе со став на оваа тема.
„Пари Сен Жермен е задоволен од сослушувањето на двете страни од Правната комисија, кое траеше два часа. Од клубот потсетуваат дека фудбалерот преземал јасни обврски, кои ги повторил и во приватни разговори и во јавни изјави, во контекст на седум фантастични сезони во кои клубот направил невидени инвестиции. Според документите, комисијата препорача преговори меѓу двете страни, кои ПСЖ ги бара веќе неколку месеци. Комитетот побара од играчот да се усогласи со процесот на преговори“, истакнаа од ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













