
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, сериозно ја преиспитува својата долгорочна иднина во тимот, пренесува францускиот „Л’Екип“. Напаѓачот потпиша нов договор со парижаните минатото лето, а првичните информации велеа дека тој е на три години.
Сепак, подоцна стана јасно дека само првите две сезони беа задолжителни, а последната трета година е дополнителна, со дополнителна согласност на играчот. Токму за ова размислува Мбапе кој има рок до 31 јули да даде одговор на раководството дали ќе прифати соработка и за трета сезона во договорот или подобро кажано сака да замине летото 2024 година.
Евентуалното одбивање би го ставило ПСЖ во тешка ситуација и би се соочиле со можноста да ја пуштат својата ѕвезда, само една година откако тој потпиша нов договор.
Реал Мадрид продолжува да важи за апсолутен фаворит за идниот клуб на Мбапе.
🗞️ La une du journal @lequipe du mercredi 24 mai
— L'ÉQUIPE (@lequipe) May 23, 2023
Lire l'édition à partir de 00h30 sur votre site > https://t.co/cNWb8X8tHF pic.twitter.com/yrF941iKCl

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
