Повторениот ждреб од Лигата на шампионите веќе во осминафиналето на ова натпреварување ги вкрсти Реал Мадрид и ПСЖ. Ова дерби освен што е најзвучно според имиња на екипите во оваа фаза од натпреварувањето, ќе има и дополнителна димензија ако ќе се земе предвид дека се работи за клубови кои со месеци жестоко се борат за потписот на Килијан Мбапе.
ПСЖ прави се за да потпише нов договор со Мбапе и да го спречи да си замине од клубот без обештетување. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува следното лето, а по 1 јануари тој има право да разговара со Реал Мадрид и не мора да го информира актуелниот клуб.
Шпанскиот весник „АС“ во кој тврди дека така и ќе биде, затоа што ПСЖ ја изгубил секоја шанса да го задржи Мбапе во клубот.
„Познато е дека за 16 дена Мбапе ќе може да разговара со Реал без да се грижи за ПСЖ. Штом дојде моментот, Мбапе ќе седне со претставниците на Реал Мадрид и ќе потпише договор до 2028 година. Сепак, договорот нема да биде официјално објавен додека не поминат натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите во кои Реал Мадрид и ПСЖ ќе ги одмерат силите на 15 февруари и на 9 март следната година“, пишува „АС“.
Од друга страна е францускиот весник „Л’Екип“, кој тврди дека се што пишува „АС“ е неточно и дека Мбапе сигурно нема да потпише никаков договор пред март 2022 година.
„Мбапе нема да потпише ништо додека не се одиграат натпреварите со Реал Мадрид. Преговорите за нов договор со ПСЖ се во тек, но засега нема напредок. Сценариото сепак е многу песимистично за парижаните и засега се укажува на тоа дека Мбапе ќе си оди бесплатно од клубот на лето. ПСЖ му го понуди последниот договор во август, според него тој би станал најплатениот фудбалер во клубот, но Французинот ја одби понудата“, пишува „Л’Екип“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













