Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е отпуштен од болница поради акутен гастроентерит, поради кој го пропушти првиот меч на неговиот тим на Светското клупско првенство.
Во официјалното соопштение на клубот се вели:
„Килијан Мбапе беше отпуштен од болница и се врати во тренинг-центарот на Реал Мадрид. Ќе продолжи со специјализиран медицински третман и постепено ќе се враќа на целосни тренинзи.“
Францускиот ас не настапи во натпреварот против Ал-Хилал, кој заврши 1-1, а според извори од клубот, Мбапе бил изолиран од остатокот на тимот уште од вторник, пред да биде хоспитализиран во средата.
И покрај подобрувањето на неговата состојба, не се очекува Мбапе да настапи во групната фаза од натпреварувањето. Тренерот Чаби Алонсо изјави дека неговиот настап во дуелот против мексиканскиот Пачука во недела (во Шарлот, Северна Каролина) е „под знак прашалник“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













