Лионел Меси и Кристијано Роналдо полека одат зад сцената, а во фокусот на Лигата на шампионите и европскиот фудбал излегуваат младите сили, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Двајцата блескаа веже на стартот од новата сезона во ЛШ и сигурно ќе урнат многу рекорди, кои што ги во моментот се сопственост на Меси и на Роналдо.
Ерлинг Халанд е машина за голови. Норвежанецот Постигна уште два синоќа, во лесната победа на Сити над Севилја од 0-4, а доколку Пеп Гвардиола не го повлечеше на 25 минути до крајот, можеби ќе постигнеше уште еден.
Халанд на тој начин продолжи да пишува нереални бројки во Лигата на шампионите. Верувале или не, стигна до својот 25. гол, а му требаа само 20 натпревари во Лигата на шампионите!
Покрај тоа, Халанд постигна гол на своите деби натпревари во Лигата на шампионите за сите три негови клубови, Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.
За споредба, Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 гола на 185 натпревари. Но, има нешто уште полудо – Португалецот не постигна ниту еден гол на првите 20 натпревари во Лигата на шампионите, а Халанд постигна 25?!
Доколку Халанд продолжи со ова темпо, што е веројатно невозможно, би можел да го надмине учинокот на Роналдо за само 100 натпревари.
Секако, тоа е само статистика, но суштината е дека Халанд, кој ако остане здрав, има уште 10 години во нозете, доволно е да дава десетина голови во Лигата на шампионите секоја сезона и рекордот на Роналдо ќе биде загрозен.
Не е тајна дека Роналдо сакаше да се приклучи на која било екипа која игра во Лигата на шампионите ова лето токму за да му побегне на Лео Меси, кој заостанува 15 гола зад него, постигнувајќи 125.
На ред се бројките на Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер ги постигна двата гола во победата на Пари Сен Жермен над Јувентус (2-1) и со тоа стана најмладиот во историјата на Лигата што стигнал до својот 35. гол во елитното натпреварување.
Мбапе на 23 години и 260 дена стигна до својот 35-ти гол и со тоа го престигна Меси, кој стигна до својот 35-ти гол со 23 гола и 308 дена.
Попатно Мбапе додаде 20 асистенции, практично ефектот му е 35 гола и 20 асистенции на 54 натпревари во Лигата на шампионите.
Во споредба со Роналдо, Мбапе е уште „побрз“ од Португалецот на кој верувале или не му требаа 27 години и 59 дена за да постигне 35 гола во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













