Шпанските медиуми ја форсираат приказната дека Мбапе гледа кон Мадрид, дека гласините за заминување не биле без основа и дека Французинот сака да прејде во Реал Мадрид, односно дека зажалил што го продолжил договорот со парижаните.
Сигурно дека доколку се укаже можност, Реал нема да има ништо против да го доведе Мбапе, но тој ќе мора да се согласи на четири услови.
Првата е да биде слободен, поточно да се избори за раскин на договорот со парижаните, што ќе биде тешко, треба да почека да истече сегашниот, уште две и пол сезони. Има и друга опција, ПСЖ да реши да го пушти, за да заштеди огромна сума на пари, но тоа е малку веројатно, дури и ако играчот е несреќен.
Што се однесува до другите услови на Реал, Мбапе би морал да се откаже од многу пари. Перез прифаќа дека Французинот ќе биде најплатен играч на тимот, но би морал да се вклопи во платите на Реал Мадрид, поточно разликата во однос на другите не може да биде огромна бидејќи би направила раздор во соблекувалната.
Што се однесува до маркетиншките права, тие би биле поделени, поточно Реал би имал близу 50%, додека сега Мбапе зема сѐ за себе во ПСЖ.
И јасно е дека Мбапе повеќе нема да има привилегиран статус како во Париз, ниту пак ќе може да одлучува за работи поврзани со теренот.
Со други зборови, тој би бил најголемата ѕвезда на тимот, но ограничен само на теренот.
Јасно е дека мали се шансите да ги исполни овие услови, а реално, Халанд е многу поблиску до „белиот“ дрес, со оглед дека има откупна клаузула во договорот. Перез е подготвен да ја плати, веројатно не ова лето, но следното лето и да го добие најдобриот централен напаѓач во светот според многумина, норвешката гол-машина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













