Килијан Мбапе е добро и вечерва ќе биде стартер за Реал Мадрид во реваншот против Атлетико Мадрид од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова било потврдено по направените тестови денес, откако напаѓачот вчера не тренираше целосно, што предизвика сомнежи за неговото учество, пренесува „Л’Екип“.
На крајот, тој е вклучен во составот на Карло Анчелоти.
Натпреварот на „Сивитас Метрополитано“ започнува во 21 часот, а Реал Мадрид има предност од еден гол по победата од 2-1 минатиот вторник.
Мбапе игра одлична сезона во дресот на Реал, постигнувајќи 28 гола на 41 натпревар во сите натпреварувања досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













