Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, објави дека актуелниот тренер Маурицио Сари ќе потпише нов двегодишен договор со римскиот клуб.
Сари минатото лето потпиша за две сезони со Лацио, а и покрај лошиот старт на сезоната, Лотито реши да продолжи да работи со овој тренер.
„Запознав човек кој може да направи разлика во светот на фудбалот. Тој го живее фудбалот страстно, а ако некој мисли дека е на работ, го уверувам дека не е. Добив дозвола да му го продолжам договорот на две години“, откри Лотито.
Лацио сезонава освои 26 бода на 16 првенствени натпревари, а претседателот на клубот ги обвинува играчите за лошите резултати.
„Луѓето ме застануваат на улица и прашуваат што се случува. Некои играчи заборавија каде се, некои заборавија на тимскиот дух. Не сите ја разбираат жртвата како нас, но мора да ја почитуваме сечија работа“, истакна Лотито.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













