Connect with us

Матуиди им донесе проблеми на Бекам и Интер Мајами

Интер Мајами на Дејвид Бекам се најде во проблеми откако од МЛС утврдија дека клубот ги прекршил правилата со доведувањето на Блес Матуиди од Јувентус.

Французинот требало да биде класифициран како назначен играч за сезоната 2020, со оглед на неговата висока плата по заминувањето од италијанскиот гигант.

Правилата во МЛС – лигата не дозволуваат клубовите да имаат повеќе од тројца назначени играчи за време на една сезона, а во тимот на Бекам, претходната сезона имало четворица, меѓу кои Матуиди, неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Гонзало Игуаин, Родолфо Пизаро и Матијас Пелегрини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови