
Португалскиот стратег Жозе Мурињо од следната сезона се враќа во Италија и ќе ја предводи Рома. Тоа дел од „нероаѕурите“ можеби го доживуваат и како „предавство“ со оглед дека Мурињо отсекогаш велел дека Интер е неговиот тим во Серија А. Пред една деценија, тој со Интер освои тројна круна, а во составот беше и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
Во тој тим беше и Марко Матераци, кој нема „влакна на јазикот“ и затоа многу често го прашуваат за коментари во италијанските медиуми.
„Мурињо во Рома? Ќе беше уште полошо ако одеше во Јувентус или во Милан за сите „нероаѕури“. Искрено, ќе бев многу поизненаден ако го преземеше Јувентус. Сигурно дека добро размислил пред да го направи овој потег, тој ми е пријател и му посакувам среќа“, изјави Марко Матераци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
