Connect with us

Мартин Стојанов од Брегалница направи трансфер во Септември Софија

Еден од најдобрите фудбалери на Брегалница, Мартин Стојанов, кариерата ја продолжува во бугарскиот прволигаш Септември Софија.


По денешните лекарски прегледи во Софија, Стојанов и официјално е промовиран во новиот дрес, најавен од бугарскиот клуб како огромно засилување за новата сезона.


„Може да го потврдиме трансферот на Мартин Софија во Септември Софија, на начин за дополнителен негов фудбалски развој. Кога почнавме со проектот ФК Брегалница една од основните цели и стратегии заедно со сопственикот беше промоцијата на млади фудбалери и потоа нивен трансфер надвор од Македонија. Сето тоа како начин за активен придонес во развојот на нивните кариери, но и секако од интерес и на македонскиот фудбал“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев по завршувањето на трансферот на Мартин Стојанов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови