Connect with us

Мартин Демикелис ќе биде нов тренер на Баерн Минхен?

Баерн е во сериозна потрага по нов тренер. Во Минхен сакаат сѐ да биде завршено што е можно побрзо за новиот тренер да има доволно време и простор да се подготви за стартот на новата сезона.


И додека се пишуваше за Ралф Рангник како можен наследник откако ја заврши работата со австриската репрезентација, Филип Лам најави ново име.

„Дали е тој вистинскиот тренер за Баерн? Тоа ќе го видиме само кога ќе стане тренер“, изјави Лам за можното доаѓање на Мартин Демикелис на кормилото на Баварците.

„Демикелис беше одличен играч во Баерн, извесен период играше и како играч од средниот ред. Неговиот развој како тренер е многу добар и ја познава Бундес0лигата“, дополнува поранешниот капитен на Баерн, кој сега е официјален амбасадор на ЕВРО 2024.

Демикелис ја започна својата тренерска кариера во Баерн, водејќи го тимот до 23 години, пред да биде повикан од Милонариос, кој го врати дома, каде минатата сезона со Ривер Плата беше шампион на Аргентина.

Покрај Демикелис, како можно решение се најавува и Зинедин Зидан, кој би седнал на клупата со уште една легенда на Баерн, Франк Рибери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови