
Поранешниот репрезентативен голман Мартин Богатинов стави крај на активната кариера. По 22 години активно бранење, како што вели, дојде крајот на една убава приказна.
Тој доби пригодни подароци од раководството на Етникос Ахна, чиј дрес го носеше долги години.

„Дојде моментот кој ниту еден фудбалер неможе да го избегне, после 22 години професионална фудбалска кариера дојде време за крај, крај на една убава приказна која што започна во моето родно Кратово во мојот матичен клуб Силекс. Следуваше Брегалница Делчево, Вардар, Цементарница, Локомотива, Тетекс, Работнички, мојот прв интернационален трансфер Карпати Лвов (Украина), Стеауа Букурешт, Ермис (Кипар), и на крај заврши во Етникос Ахна (Кипар). Приказна проследена со многу убави моменти и помалку лоши, со гордост го носев националниот дрес, сон на секој фудбалер. Голема благодарност до сите тренери со кои соработував, благодарност до сите мои колеги со кои настапував сите овие години, до сите спортски работници, до сите спортски новинари, а најголема благодарност до моето семејство кое беше со мене сите овие години и беа мојата најголема поддршка. Фудбалот ми даде многу работи во животот, но време е за ново поглавје. Се гледаме наскоро надвор од теренот“, објави Мартин Богатинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
