
Напаѓачот Антони Марсијал не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок. Французинот не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и не сака повеќе да ја грее клупата, па поради тоа официјално побарал трансфер.
„Антони сака да го напушти клубот во јануари. Едноставно, тој сака да игра повеќе. Наскоро ќе разговараме со раководството“, изјави агентот на Марсијал.
Барселона, Јувентус, Арсенал и Тотенхем се клубовите кои се заинтересирани за Марсијал, а Манчестер Јунајтед многу повеќе би сакал тој да не замине во конкурентски тим од Премиер – лигата.
Марсијал има договор до јуни 2024 година, а би може да замине на позајмица, со право на откуп за 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
