
Францускиот интернационалец Антони Марсијал ќе го напушти „Олд Трафорд“, но ќе замине на позајмица таму каде што ќе одлучи Манчестер Јунајтед. Тоа најверојатно ќе биде италијанскиот калчолигаш Јувентус.
Антони Марсијал е во центарот на уште еден островски скандал откако Ралф Рангник по мечот со Астон Вила изјави дека Французинот не сака да патува со тимот во Бирмингем. Фудбалерот тоа го негираше, велејќи дека никогаш не би одбил да игра за Манчестер Јунајтед.
Неколку дена претходно пристигна информацијата дека најверојатно нема да има ништо од најавениот трансфер на напаѓачот во Севилја. Двата клуба не можеа да се договорат за платата на фудбалерот, со оглед дека Севилја не е во можност да му плаќа на Марсијал 200.000 фунти неделно, колку што заработува на „Олд Трафорд“.
Јувентус покажал поконкретен интерес за францускиот репрезентативец, но, сепак, се уште нема финален договор. „Старата дама“ ги разгледува условите под кои Марсијал би можел да се пресели во Торино.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Зошто сите фудбалери го сакаат Карло Анчелоти
Во 2016 година, Баерн Минхен се соочи со многу тешка задача. Клубот мораше да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ова ли е европска Шкендија? Казнете ја, да не ја види Европа!
21 век, Македонија. На фудбал одиш, може да „загинеш“. Новиот шампион „пречекан“ со тупаници,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Црвена Звезда го освои Купот на Србија (ВИДЕО)

Женски фудбал
Наташа Андонова уште две години во Леванте

Евро-фудбал
Фиорентина го сака Единсон Кавани

Интернационалци
Барди не го менува градот, но ќе го смени клубот?

Евро-фудбал
Арсенал го носи Мората на „Емирати“

Евро-фудбал
Црвена Звезда го освои Купот на Србија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Вилјареал го освои „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Убав гол на Несторовски на разделбата со Удинезе (ВИДЕО)
