Connect with us

Марсело во солзи се прости од Реал Мадрид: Сакав да играм во ЛШ, а освоив најмногу трофеи

Марсело на емотивна церемонија се прости од Реал Мадрид каде настапуваше последните 15 години. Одличниот Бразилец едвај ги спојуваше речениците додека зборуваше и го напушта Реал како играч со најмногу трофеи (25) во клупската историја.


„Си ветив дека нема да плачам, но навистина е тешко. Благодарам на сите мои соиграчи и тренери, но најголема благодарност до луѓето од обезбедувањето и сите оние луѓе во сенка кои вршат многу валкани работи за нас. Сакам да истакнам колку се важни затоа што ние играчите треба само да играме, тие се погрижија за се друго“, рече Марсело со солзи во очите и продолжи:

„Кога заминав од Бразил сакав да играм во Лигата на шампионите. Денеска заминувам како најуспешен играч во историјата на најголемиот клуб во светот. Ќе кажам нешто што никогаш не сум го направил. Посебна благодарност до Раул кој седи овде. Многу ми помогна кога дојдов и кога се роди мојот син. Ти и твоето семејство отсекогаш се грижеше за нас, неизмерно сум ти благодарен. Ова беше прекрасна авантура. Дојдов како момче и си заминувам како човек. Ви благодарам на сите“.

Бразилецот дојде во Реал во 2007 година од Флуминенсе за 6,5 милиони евра. За Реал одигра 545 натпревари и постигна 38 гола со 103 асистенции. Има освоено шест титули на Шпанија, два Купа на Кралот, пет шпански Суперкупа, пет Лига на шампиони, четири светски клупски првенства и три европски Суперкупа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови