Досегашниот капитен на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, има понуди од три шпански прволигаши, открива „Мундо Депортиво“. Опции пред него се Валјадолид, кој се врати назад во елитата, Хетафе и Рајо Валјекано, тимот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Левиот бек има 34 години и бара нов клуб, претпочита да остане во Ла Лига бидејќи неговото семејство живее во Мадрид. Уште подобро е да продолжи да живее во шпанската престолнина, од каде што доаѓаат Хетафе и Рајо.
Покрај тоа, највозрасниот син на Марсело е тинејџер во Реал Мадрид и оваа сезона стана шампион во својата возрасна група.
Според „Марка“, Бразилецот има понуди и од странство, од Катар, ОАЕ и од Турција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













