Connect with us

Марсеј се искачи на врвот по триумфот над Ница (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј се искачи на врвот на табелата во Лига 1 откако вечерва оствари убедлива победа од 1-5 на гостувањето кај Ница, потврдувајќи ги уште еднаш своите шампионски амбиции за оваа сезона.

Гостите поведоа со 0-2 во првото полувреме, благодарение на головите на Пјер-Емерик Обамејанг и Мејсон Гринвуд. Англичанецот погоди уште еднаш и во вториот дел, a во листата на стрелци се запишаа и Тимоти Веа и Игор Паишао.

Ова беше деветта победа за Олимпик Марсеј сезонава, со која тимот барем привремено се издигна над второпласираниот ПСЖ, кој има натпревар помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови