
Себастијан Фреј, поранешниот голман на Интер, Парма, Џенова и Фиорентина, дознал дека Карим Бензема до крајот на овој месец ќе дојде во Серија А.
Фреј „откри“ дека Бензема би можел да дојде во редовите на Интер благодарение на Џузепе Марота.
Марота заврши импресивна работа во Јувентус, а потоа се пресели во Интер.
„Нероаѕурите“ потоа го освоија „скудетото“ и играа во финалето на Лигата на шампионите, а моментно се најдобриот тим во Серија А.
Голем дел од заслугата за неодамнешните успеси на Интер има Марота, кој знаеше како да ги пронајде вистинските играчи за својот тим, дури и со мал буџет.
Токму затоа Фреј е убеден дека Марота ќе успее да го доведе Бензема, кој е на излезната врата од саудискиот Ал-Итихад поради отворен конфликт со клубот во кој дојде на почетокот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
