Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен одиграа драматичен натпревар со многу голови (3-3), по што домаќините можат да бидат многу позадоволни. Баерн беше на чекор од победа, но Омар Мармуш во 94. минута постигна гол за израмнување и обезбеди бод за својот тим.
Ким Мин-Јае го отвори резултатот во корист на Баерн, но Ајнтрахт брзо возврати со два гола преку Мармуш и Екитике. Сепак, пред крајот на првото полувреме, Упамекано израмни на 2-2 во 38. минута.
Во вториот дел, Баерн повторно го презеде водството со голот на Олисе во 53. минута, но Ајнтрахт не се предаде и благодарение на упорноста, успеа да израмни длабоко во судиското продолжение. Омар Мармуш повторно беше херојот на домаќините, осигурувајќи им еден бод со неговиот втор гол на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













