Connect with us

Маркоски и Руатубјаје му донесоа триумф на Шкупи над Лапи (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Шкупи оствари триумф од 2-0 против косовскиот тим Лапи на арената „Тодор Проески“ во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Ова е одлична предност пред реваншот што за седум дена ќе се одигра на Косово.

Напаѓачот Кире Маркоски во 36.минута успеа да ја искористи грешката на противничката одбрана и ја затресе мрежата на Лапи за водство на Шкупи. Тој со соло акција ја надмудри одбраната, го мина и голманот Маријан Чориќ и лесно пласираше на вистинското место.

Во неизвесен и борбен натпревар, тимот на Гоце Седлоски покажа доминација, а вториот гол дојде дури во судиското продолжение кога Абдул Руатубјаје постигна втор погодок за тимот од Чаир, за многу помирен реванш на Косово. Фреди Алварез изведе слободен удар, нафрли во срцето на шеснаесетникот, а Руатубјаје скокна највисоко и со удар со глава ја погоди мрежата на Лапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови