
Марко Барони е назначен за нов тренер на Торино, објави клубот од Серија А. Поранешниот тренер на Лацио ќе го замени Паоло Ваноли, откако потпиша двегодишен договор со плата од 1,3 милиони евра по сезона.
Барони се раздели со Лацио во понеделникот, по само една сезона на чело на тимот, а враќањето на Маурицио Сари во римскиот клуб беше објавено истиот ден.
Benvenuto, Mister Baroni 🐂 pic.twitter.com/Rr4LdfcczX
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) June 5, 2025
61-годишниот стратег ги презеде „орлите“ минатото лето и долго време ги држеше во првата четворка, но серија од три натпревари без победа на крајот од сезоната го симна тимот на седмата позиција, со што римјаните останаа без место што води во европските натпреварувања.
Негов нов предизвик ќе биде клупата на Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа

Втора лига
Каланоски го засили второлигашот Охрид
