
Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио не е во најтесните планови на Карло Анчелоти, новиот тренер на Реал Мадрид иако доби шанса да блесне на последниот меч против Мајорка. Сепак, кога ќе се вратат Тони Крос и Лука Модриќ, за очекување е повторно Асенсио да се врати на клупата за резерви.
Некогаш еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, најверојатно ќе мора да бара нов клуб во јануари. Бројните повреди го спречија Шпанецот да покаже што знае, но не е доцна, има само 25 години.
Според италијанските медиуми, Марко Асенсио е цел на Милан и на Јувентус. Двата италијански гиганти го сакаат во своите редови, а цената за неговите услуги е околу 35 милиони евра.
Асенсио порасна во младинскиот оддел на Мајорка, од каде што се пресели во „кралскиот клуб“ во 2019 година за 3,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
