Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста во Србија, откако се појави информација дека би можел да ја напушти Црвена Звезда по само шест месеци престој во клубот.
Арнаутовиќ ја изненади фудбалската јавност со одлуката кариерата да ја продолжи во Србија, откако му истече договорот со Интер. Понудата што ја доби од клубот од „Маракана“ не можеше да ја одбие, па ја прифати и потпиша со Црвена Звезда, а навивачите на актуелниот шампион на Србија го пречекаа на фантастичен начин.
Сепак, изгледа дека очекувањата на фановите не се исполнети, бидејќи искусниот напаѓач засега не се наметна како засилување од кое се очекуваше многу повеќе. Во првиот дел од сезоната, Арнаутовиќ одигра девет натпревари и постигна само два гола, при што почесто влегуваше од клупата отколку што беше стартер.
Иако малкумина очекуваа дека би можел толку брзо да си замине од Белград, изгледа дека тоа сценарио не е невозможно. Според најновите информации, Арнаутовиќ би можел да го напушти клубот во јануари, а веќе има интересна понуда од Белгија.
Се работи за интерес од страна на Серкл Бриж, чии раководни лица би сакале да го видат искусниот напаѓач во нивниот тим. Наводно, тие веќе стапиле во контакт со него и му понудиле можност да се пресели во Белгија.
Тренер на белгискиот клуб е Онур Чинел, кој воедно е и асистент на Ралф Рангник во австриската репрезентација, а тој отворено призна дека му порачал на Арнаутовиќ дека сака да го донесе во својот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













