Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, изрази задоволство од враќањето на тимот кон победите по триумфот со 3-1 над Вулверхемптон.
„Нашето издание до 40-тата минута беше многу добро, но во последните пет минути страдавме. Тие постигнаа гол, а ние изгубивме малку од самодовербата, што ни се случува неколку пати оваа сезона“, изјави Мареска.
„Треба да научиме подобро да се справуваме со вакви ситуации. Во второто полувреме започнавме добро и постигнавме уште голови. Генерално, мислам дека ја заслуживме победата. Реагиравме добро во вториот дел. По пет натпревари без победа, не беше лесно да го направиме тоа, па затоа оваа победа беше навистина важна“, додаде менаџерот на Челси.
На прашањето за слабостите во одбраната на неговиот тим, Мареска одговори:
„Ако не грешам, само четири или пет тима во лигата примиле помалку голови од нас. Па зошто прашувате за дефанзивен проблем? Мислам дека балансот меѓу нападот и одбраната ни е прилично добар.“
Покрај тоа, Мареска го одбрани голманот Роберт Санчес, кој направи грешка при израмнувачкиот гол на Вулверхемптон.
„Дел од нашата работа е понекогаш да правиме грешки. Роберт не спасил многупати. Тоа се случува, нема никаков проблем“, заклучи Мареска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













