
Главниот судија на реваншот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, Шимон Марчињак, се најде во центарот на контроверзите откако одлучи да не ја признае пенал-ситуацијата на Хулиан Алварез. Тој целосно ја презеде одговорноста за својата одлука и категорично ги отфрли обвинувањата дека Килијан Мбапе им сигнализирал на судиите за двојниот допир на Аргентинецот со топката.
УЕФА ја поддржа оваа одлука со видео-докази и најави можни дискусии за промени во правилото.
„Јас ги информирав судиите во ВАР собата дека постои 99% шанса Алварес да направил двоен допир, по што тие внимателно ја анализираа ситуацијата. Дали Мбапе им кажал на судиите дека Алварес ја допрел двапати? Тоа воопшто не е точно, јас бев тој што ги извести. Искрено, во целата моја судиска кариера никогаш не сум се сретнал со ваква ситуација, но и играчите ги знаат правилата“, изјави Марчињак, преземајќи целосна одговорност за својата одлука.
Интересно е што полскиот арбитер немал ангажман во Лигата на шампионите од 18 февруари, кога судеше на натпреварот Милан – Феенорд, на кој покажа два црвени и пет жолти картони – одлуки кои, според неофицијални информации, не ѝ се допаднале на УЕФА.
Европската фудбалска федерација вчера издаде официјално соопштение во кое, со видео-докази, ја потврди исправноста на одлуката на Марчињак, но воедно најави дискусии за тоа дали самото правило треба да биде ревидирано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
