
Брегалница продолжува со интенцијата за засилување на играчките редови со најдобрите млади фудбалери од Македонија, ангажирајќи уште еден младински репрезентативец. Овој пат, ново засилување на „сините“ е досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Михаил Маневски.
20-годишниот Маневски, кој е стандарден член на младата репрезентација на Македонија, откако ја заврши соработката со Академија Пандев денеска и официјално постигна договор за идна соработка со Брегалница. Левиот бек, кој може да игра и на левокрилната офанзивна позиција, изминатава есен одигра десет натпревари за Академија Пандев во најсилната лига на Македонија.
Маневски е трето засилување за Брегалница откако претходно го ангажираше и 21-годишниот Кристијан Ацковски, досегашниот фудбалер од средниот ред на Работнички, како и крилниот офанзивец од Силекс, 21-годишниот Дарко Додев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
