Селекторот на Италија, Роберто Манчини, повторно го сподели големото разочарување поради фактот што неговата репрезентација нема да игра на Светското првенство. Тој призна дека следните недели ќе бидат доста болни за него и неговите играчи.
Селекторот смета дека „аѕурите“ заслужија да се најдат меѓу финалистите во Катар и без нив турнирот ќе го загуби сјајот. Наместо да се подготвува за Мундијалот, Италија во среда ќе игра контрола со Албанија. Беа елиминирани од Македонија, во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации.
„Ни претстои тежок месец, кој веќе започна. И покрај горчината што ја чувствуваме во моментов, имаме работа, натпревари и работи што треба да ги процениме. Мило ми е што Киеза се врати, но тој треба да биде во оптимална форма. Заниоло е исто така важен ресурс за нас и може да ни помогне на многу начини. Тој е млад и има можност да се развива. Кин беше дел од тимот многу пати и ако продолжи да постигнува голови и да игра добро, повторно ќе го повикам“, изјави Манчини.
„Контролата со Албанија е важна бидејќи тоа е основата на спортот. Доаѓаме да одиграме добар натпревар и знаеме дека тие не се слаба репрезентација. Се надеваме дека ќе се претставиме добро, но ќе видиме што ќе се случи“, додаде италијанскиот селектор.
Потоа вниманието го насочи кон претстојното Светско првенство и болката што ја чувствува поради тоа што Италија нема да учествува.
„Уште од март се чувствувам прилично лошо поради овој факт. Заслуживме да бидеме на Светското првенство, но ги пропуштивме нашите шанси. Тоа е дел од фудбалот. По големата радост доаѓа големо разочарување. Не можеме да направиме ништо за тоа Светско првенство без Италија нема да биде исто, но мора да се погрижиме тоа да не се повтори“, потенцираше Роберто Манчини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













