Роберто Манчини подготвува изненадување за новиот собир на италијанската фудбалска репрезентација. Селекторот на „аѕурите“ ќе ја засили одбранбената линија со интересно име.
Според италијанските медиуми, покана ќе добие 22-годишниот дефанзивец Лукас Питон.
Станува збор за фудбалер кој игра за бразилскиот Васко де Гама, на кој му се приклучи на почетокот на оваа година од Коринтијанс. Токму во Коринтијанс ги мина сите младински селекции.
Годинава Лукас Питон го привлече вниманието кон себе со одличните игри во дресот на Васко де Гама, а покрај бразилската кариера има и италијански пасош.
Манчини веднаш одговори и споменатиот фудбалер наскоро би требало да дебитира за „аѕурите“. Со тоа Манчини продолжи да повикува фудбалери од Јужна Америка кои имаат италијански пасош.
Во минатите акции тој го повика Матео Ретеги, кој брилјираше во аргентинската лига.
Ретеги дебитираше за Италија против Англија на крајот на март годинава и веднаш постигна гол, а погоди и на натпреварот против Малта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













