Италијанскиот селектор Роберто Манчини ја подготвува тактиката за бараж дуелот против Македонија на 24 март во Палермо. По три дена во базата на италијанската репрезентација во Коверчиано, Роберто Манчини донел одлука да остане на формацијата (4-3-3) што ја форсираше и на Европското првенство, кога направи голем успех и стигна до трофејот.
Иако испробал и други опции, сепак, во отсуство на повредениот Федерико Киеза, италијанскиот селектор засега најмногу им верува на Чиро Имобиле како централен напаѓач и на Доменико Берарди и Лоренцо Инсиње на крилните позиции.
Шемата со тројца дефанзивци и двајца напаѓачи не е целосно отфрлена, а во конкуренција се и ѕвездата во подем Џанлука Скамака, натурализираниот Жоао Педро, како и повратникот меѓу „аѕурите“, контроверзниот Марио Балотели.
Во формацијата со тројца играчи за врска, Заниоло, Барела и Жоргињо треба да делуваат во средниот ред на Италија.
Европскиот првак ќе ја пречека Македонија во Палермо на 24 март во полуфиналниот плејоф натпревар за пласман на Светското првенство во Катар. Пет дена подоцна, победникот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција, а само најдобриот патува на мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













