Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити се откажа од трката за ангажман на норвешкото Ерлинг Халанд. Менаџерот Пеп Гвардиола призна дека еден од финансиски најмоќните светски клубови едноставно не е моќен да плати толку многу пари во овој период на глобална економска криза поради пандемијата на коронавирусот за да го купи Халанд.
„Ние немаме пари за толкави трансфери. Верувам дека ќе доведеме некој напаѓач, но тоа ни од далеку нема да биде спектакуларен трансфер. Едноставно Манчестер Сити ја чувствува кризата како и сите други, иако тоа некој си мисли дека е поинаку“, изјави Пеп Гвардиола.
Агентот Мино Раиола со таткото на Халанд тргна во преговори со сите најголеми клубови, почна од Барселона, продолжи со Реал Мадрид, а сега на ред се англиските клубови. Но, Манчестер Сити не е подготвен да плати 160 милиони евра, колку што се очекува да биде евентуалниот трансфер на Ерлинг Халанд. Борусија Дортмунд бара отштета од 120 милиони евра, а неверојатно голема провизија бара таткото на Халанд во износ од 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













