
Челниците на Манчестер Сити се уверени дека ќе постигнат договор со Бернардо Силва и Португалецот ќе потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до 2025 година, но од „Итихад“ сакаат да го обврзат на долг рок и веќе преговараат за нова соработка.
Ова е сериозна промена во ставот на Бернардо Силва, кој во еден момент не се чувствуваше среќен во Манчестер и беше подготвен да го напушти „Итихад“. Неговиот менаџер Жорге Мендеш дури почна да бара нов клуб, поврзувајќи ги имињата на Јувентус и Милан. Сепак, се чини дека сега ситуацијата е променета и Португалецот е подготвен да остане.
27-годишниот фудбалер се врати во најдобрата форма оваа сезона, откако досега одигра 29 натпревари и постигна осум гола. Се верува дека главната причина за тоа е неговата многу подобра комуникација со менаџерот Пеп Гвардиола. Тие двајца добро се согласуваат и Португалецот е подготвен да продолжи да игра под негово водство, убеден дека со Манчестер Сити може да освои уште многу трофеи во наредните години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
