
Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на напаѓачот Габриел Жесус. Актуелниот договор на Бразилецот истекува во летото 2023 година и клубот сака да го врзе на подолг рок, откриваат медиумите на Островот.
24-годишниот напаѓач беше доведен на „Итихад“ од Палмеирас во јануари 2017 година. Досега за „граѓаните“ има 214 натпревари, 87 гола и 42 асистенции, а во последните пет години со клубот освои 10 трофеи.
Интересно, менаџерот Пеп Гвардиола до неодамна претпочиташе да го користи како централен напаѓач, но Бразилецот побара да биде преместен на крилната позиција и тоа се покажа како одличен потег. Тој има осум асистенции од почетокот на сезоната, повеќе од кој било друг играч на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
