Connect with us

Манчестер Сити објави рекордна добивка за минатата сезона

Англискиот шампион Манчестер Сити објави рекордни приходи во својата историја. Секако, огромните суми се должат на големиот успех на „граѓаните“ што го забележаа минатата сезона. Сити стигна до историска тројна круна, освојувајќи ја титулата во Англија, ФА Купот и во Лигата на шампионите.


Клубот, кој од 2008 година е во сопственост на шеикот Мансур, забележа рекорден профит од 712,8 милиони фунти. Ова е за 16,3% (99,8 милиони фунти) повеќе од приходите на клубот една година претходно.

Нето добивката на клубот за изминатата финансиска година беше 80,4 милиони фунти.

„Во сезоната 2022/23, Манчестер Сити достигна нови височини и постави нови стандарди. Минатата сезона Манчестер Сити ја забележа најголемата фудбалска и финансиска година во својата богата историја“, изјави претседателот на Манчестер Сити, Калдин Ал Мубарак.

Приходите од реклами на Манчестер Сити достигнаа 341,4 милиони фунти, оние од ТВ права – 299,4 милиони, додека добивката од домашните натпревари – 71,9 милиони фунти.

Добивката на клубот за минатата финансиска година изнесуваше 80,4 милиони фунти, што е речиси двојно повеќе од добивката од претходниот период (41,7 милиони фунти).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови