
Еден од играчите кои оставија одличен впечаток на Светското првенство во Катар е Јошко Гвардиол. 20-годишниот хрватски дефанзивец доби многу комплименти од медиумите и стручњаците, па иако синоќа не можеше да го задржи Лионел Меси, за него интерес појави англискиот шампион Манчестер Сити.
Гвардиол е на прагот на трансфер на својот живот, бидејќи „граѓаните“ се подготвени да му понудат на Лајпциг 110 милиони евра и 20 отсто од следниот трансфер за да го доведат на „Итихад“. Тој би останал во Бундес-лигата до крајот на сезоната, а потоа би се приклучил на Манчестер Сити.
Гвардиол пристигна во Лајпциг во 2020 година од Динамо Загреб за 18,8 милиони евра, а хрватскиот клуб ќе има и 20 отсто од профитот кога Гвардиол ќе биде продаден во трет клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
