Connect with us

Манчестер Сити најми супер-адвокат и ќе го плаќа колку Кевин Де Бруин

Манчестер Сити го ангажираше еден од најдобрите британски адвокати во обид да го расчисти своето име по обвинувањата за финансиски малверзации од Премиер – лигата. Според медиумите на Островот, „Етихад“ му пристапил на Лорд Дејвид Паник, кој претходно го советувал поранешниот премиер Борис Џонсон за неговите следни чекори по скандалот познат како „Партигејт“.


Дејвид Паник има извонредна репутација и се смета за еден од најдобрите адвокати на неговата генерација. Се вели дека тој генерално заработува во просек по 5.000 фунти на час, но во случајот со Манчестер Сити, неговиот хонорар може да достигне и до 80.000 фунти дневно или до 400.000 фунти неделно. Толку добива најголемата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, кој во моментов е најплатен играч во Премиер – лигата.

„Граѓаните“ се подготвуваат за многу сериозна правна битка, што има смисла со оглед на неверојатните потенцијални санкции со кои клубот би можел да се соочи доколку биде прогласен за виновен за повеќе од 100 прекршоци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови