
Aнглискиот првак Манчестер Сити нема да може да смета на Џек Грилиш на утрешниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Англискиот репрезентативец ја пропушти саботната првенствена победа над Норич (0-4), откако се опорави од повредата на потколеницата што ја заработи минатата сезона во Астон Вила.
„Подобро е, но тој нема да биде подготвен за утре, ниту Кол Палмер и Габриел Жесус“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола пред натпреварот со Спортинг Лисабон.
Манчестер Сити минатата сезона беше блиску до освојување на Лигата на шампионите, но Челси победи во финалето со 1-0.
„Ќе биде тешко да се направи подобар резултат од минатата сезона, но ние сме возбудени и среќни што повторно стигнавме до оваа фаза. Знам колку е важна Лигата на шампионите, но и секој натпревар во Премиер – лигата го сфаќаме сериозно“, рече Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда
