Манчестер Јунајтед помина голем дел од летото 2022 година бркајќи го потписот на Френки де Јонг, но на крајот тимот на Ерик Тен Хаг доби уверување дека 25-годишниот фудбалер нема посебен интерес да размислува за преселба на „Олд Трафорд“. Таа ситуација сега би можела да е променета, бидејќи оваа сезона „црвените ѓаволи“ ја победија Барселона во нокаут рундата од Лигата на Европа.
Де Јонг го согледува напредокот на Манчестер Јунајтед под водство на неговиот поранешен менаџер на Ајакс, Ерик тен Хаг. По приклучувањето на Кашемиро во срцето на средниот ред на „црвените ѓаволи“, сега и Де Јонг би се видел на „Олд Трафорд“.
Се очекува Јунајтед да инвестира во друга опција за средниот ред во летото 2023 година, а ѕвездата на Борусија Дортмунд и Англија, Џуд Белингем, е најголемата желба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













