Потрагата по нов голман на Манчестер Јунајтед доживеа драматичен пресврт, откако интересот на „црвените ѓаволи“ за чуварот на мрежата на Астон Вила и светски шампион со Аргентина, Емилијано Мартинез, значително се „олади“. И покрај инсистирањата на менаџерот Рубен Аморим, раководството на Јунајтед категорично одбило да плати голема сума за аргентинскиот голман.
Проблемите на Манчестер Јунајтед на голманската позиција се очигледни уште од заминувањето на Давид де Хеа пред две години.
Ангажманот на Андре Онана требаше да донесе сигурност меѓу диреците, но Камерунецот не успеа да ги убеди навивачите дека заслужува да биде број „1“. Загриженоста на фановите се зголеми за време на викендот, кога неговиот заменик Алтиј Бајиндер започна против Арсенал, но направи груба грешка која донесе минимален пораз од 0-1. Тоа уште еднаш ја истакна итната потреба за сигурен прв голман.
Во меѓувреме, иднината на Емилијано Мартинез на „Вила Парк“ останува неизвесна по неговото емотивно збогување со навивачите на Астон Вила на крајот од минатата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













