Манчестер Јунајтед бара да го засили нападот во јануари за минимална инвестиција. Според „Атлетик“, меѓу имињата за кои се разговара се и четворица офанзивни фудбалери од Бундес-лигата.
Ерик Максим Чупо-Мотинг и Томас Милер од Баерн Минхен, Тимо Вернер од Лајпциг и сензацијата од Штутгарт, Серху Гираси, се меѓу опциите за кои се разговара на „Олд Трафорд“.
34-годишниот Чупо-Мотинг добива помалку шанси за настап по трансферот на Хари Кејн и поради желбата на Томас Тухел да му даде повеќе можности на младиот Метис Тел. Неговиот договор со Баварците истекува на лето, па веројатно ова би била најевтината опција за Манчестер Јунајтед.
Ситуацијата со Томас Милер е променета бидејќи тој неодамна потпиша нов договор, па тешко дека ќе замине.
Тимо Вернер има лоша сезона и Лајпциг веќе најави дека ќе го пушти на позајмица доколку најде замена. Веќе има контакт меѓу двата клуба, како и меѓу „црвените ѓаволи“ и самиот играч, но навивачите на Манчестер Јунајтед не ја прифаќаат информацијата дека тој трансфер е позитивен.
За Гираси има интерес од многу клубови, особено што клаузулата во неговиот договор не е особено висока – 17,5 милиони евра, па оваа опција изгледа добро за Јунајтед. Сепак, претседателот на Штутгарт, Александар Веле, на Божиќ изјави дека е уверен дека стрелецот нема да сака да замине во јануари, бидејќи тој и неговото семејство се чувствуваат многу среќни во Штутгарт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)













