Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го продаде Хојлунд на Наполи веќе во јануари

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед има намера да го продаде данскиот напаѓач Расмус Хојлунд на Наполи во зимскиот трансферен период.

Според информациите, клубот од „Олд Трафорд“ се надева да добие околу 43 милиони евра за Хојлунд. Моменталните услови на позајмицата во наполитанскиот тим вклучуваат клаузула за откуп во вредност од 44 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ сакаат договорот да биде финализиран што е можно поскоро. Се очекува преговорите да се одржат во наредните неколку недели.

Во тековната сезона, Хојлунд одигра 12 натпревари за својот клуб и за репрезентацијата на Данска, на кои постигна осум голови и запиша една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови