Манчестер Јунајтед сѐ уште се нема откажано од трката за крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле. Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека англискиот премиерлигаш ќе даде понуда за трансфер во летниот преоден рок.
Минатото лето, „црвените ѓаволи“ наводно се обиделе да го ангажираат Французинот на позајмица со можност за купување, но Барселона сакала целосен трансфер, па разговорите прекинале. Без разлика на ова, Јунајтед е сѐ уште во контакт со претставниците на Дембеле и со оглед на неговите подобри натпревари, од англискиот клуб сега подготвуваат нова понуда до Барса.
Сепак, тренерот на Барселона, Роналд Куман е задоволен од формата на Французинот во моментов и смета дека продолжувањето на неговиот договор е приоритет за клубот од „Камп Ноу“.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












