
Манчестер Јунајтед стигна до важна победа на „Енфилд“ против вечниот ривал и актуелен шампион, Ливерпул, со 1-2, освојувајќи важни трите бода во дербито на осмото коло во Премиер-лигата.
„Ѓаволите“ одлично го отворија натпреварот, поведувајќи по само две минути игра. Амад Дијало мајсторски асистираше за Брајан Мбеумо, кој откосо од пет метри го совлада Мамардашвили, донесувајќи радост кај гостинските навивачи.
Јунајтед продолжи стабилно и мотивирано, создавајќи уште неколку шанси, но не успеа да ја удвои предноста. Бруно Фернандеш шутираше крај дирекот, а и Мбеумо имаше уште една шанса.
Домаќините ја погодија стативата преку Коди Гакпо во завршниот дел од првото полувреме, но Јунајтед успеа да ја одржи минималната предност на одморот (0-1).
Во вториот дел Ливерпул тргна во подобар ритам. Гакпо повторно погоди во стативата, а потоа се закани и Мохамед Салах.
Арне Слот реагираше со четири замени, внесувајќи ги во игра Екитике, Џонс, Киеза и Вирц, но сепак Гакпо успеа да израмни на 1-1 во 78. минута по асистенција од Киеза.
Само шест минути подоцна, Јунајтед повторно го замолкна преполниот „Енфилд“. Хари Мегваер беше на вистинското место по одличното нафрлување на капитенот Бруно Фернандеш и го донесе својот тим повторно во водство со 1-2.
Во финалните минути Гакпо промаши уште една одлична шанса, а играта се разгоре во драматичен финиш. Сепак, гостите издржаа во завршницата и се радуваа на важна победа кај вечниот ривал.
Ова е втора победа по ред за Манчестер Јунајтед, првпат откако на кормилото е Рубен Аморим. Јунајтед сега има 13 бодови, два помалку од Ливерпул, кој го доживеа четвртиот последователен неуспех во сите конкуренции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
