 
																												
														
														
													Португалската ѕвезда на Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед на последниот натпревар во Премиер – лигата, пренесува Атлетик. Напаѓачот има проблем со колкот и поради ова нема да биде дел од дуелот на „црвените ѓаволи“ против Кристал Палас.
Натпреварот е од големо значење за фудбалерите на Ралф Рангник, бидејќи им е потребна задолжителна победа за да обезбедат учество во Лигата на Европа следната година. Тие имаат предност од два бода пред Вест Хем, кој моментно е седмопласиран и ќе игра во Лигата на конференции доколку се задржи на ова рангирање.
На трибините се очекува да биде и новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ од следната сезона.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														