Италијанскиот калчолигаш Милан ја губи полека битката за шампионската титула во Серија А, но, сепак, приоритет за „росонерите“ оваа сезона е да изборат пласман во Лигата на шампионите следната година. А потоа на „Сан Сиро“ треба да стигне квалитетно засилување за средниот ред.
Како што откриваат италијанските медиуми, Паоло Малдини успеал да го договори ангажманот на хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ. Тој е еден од најдобрите фудбалери во руското првенство, член на ЦСКА Москва и Малдини смета дека ќе експлодира во дресот на Милан.
Никола Влашиќ во 2017 година за 10 милиони евра од Хајдук Сплит се пресели во Евертон, а две години за 15 милиони евра беше откупен од ЦСКА Москва. Оваа сезона има 11 гола на 27 натпревари и Милан е подготвен да плати 30 милиони евра за да го доведе во летниот преоден рок.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












