Connect with us

Макрон ги тешел Французите во соблекувалната по поразот во финалето: Вие сте одличен тим

Франција не успеа да ја одбрани титулата светски првак од Русија, откако синоќа во Доха по голема борба беше поразена од Аргентина на пенали. Сепак, многу Французи се горди на своите херои, кои беа толку блиску до повторување на успехот од Русија.


Франција го одигра своето второ финале во низа и навистина беше на вистинскиот пат. Иако губеа со 2-0 од Аргентина, со головите на Килијан Мбапе стигнаа до 2-2, а во еден момент имаа и психолошка предност.

Во продолжението, Меси со уште еден гол го врати водството на Аргентина, а Мбапе погоди од пенал за 3-3 и за пенали, каде „гаучосите“ имаа повеќе среќа, концентрација и знаење.
На трибините беше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој подоцна отиде во соблекувалната и им се обрати на играчите со неколку зборови на поддршка.

„Слушајте ме внимателно. Ги воодушевивте милијардите луѓе кои го гледаа овој натпревар. Одигравте одличен натпревар. Ова е лекција од која може многу да се научи. После таква игра, дефинитивно ќе има каење. Ве молам, не треба да бидете тажни. Вие сте навистина одличен тим“, рече Макрон, додавајќи:

„Покажавте срце, глад и желба за победа. Затоа сакав да дојдам кај вас и да ви се заблагодарам за тоа. Благодарам на оние кои ќе се збогуваат со овој тим. Има многу многу млади играчи кои ќе направат многу повеќе од мене како претседател.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови