Брегалница ја оствари првата прволигашка победа. Беше драматично, штипјани беа и на работ на бездната, имаа негатива, но на крајот Марјан Секуловски успеа да извлече триумф за својот тим.
Направи неколку клучни потези, го уфрли во игра Милан Џокиќ кој донесе израмнување, а имаше верба до крај во искусниот Марјан Алтипармаковски кој постигна победнички гол во судиското продолжение од натпреварот.
Триумфот, се разбира, предизвика еуфорија во Штип, а Марјан Секуловски го заслужи изборот за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО.
Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА 5. КОЛО.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal